Претседателот Ердоган: Жестоко ја осудувам операцијата на полицијата на џамијата „Мевлана“ во Берлин

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја осуди реализираната операција од страна на полицијата на џамијата „Мевлана“ во главниот град на Германија, Берлин

1514948
Претседателот Ердоган: Жестоко ја осудувам операцијата на полицијата на џамијата „Мевлана“ во Берлин

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер ја осуди реализираната операција од страна на полицијата на џамијата „Мевлана“ во главниот град на Германија, Берлин.

Велејќи „Жестоко ја осудувам операцијата на полицијата во Берлин за која стои јасно дека се храни од расизмот и непријателството кон исламот и целосно ја негира (смета за ништовна слободата на верувањето“, претседателот Ердоган ги достави своите добри желби до џемаатот (верниците) на џамијата „Мевлана“.

„Ние како Турција веруваме дека ниту една причина не може да формира основа за грубо газење на еден свет врски објект“ - рече Ердоган и напомена дека независно од тоа каде и на кој начин ќе ја продолжат борбата против расизмот, непријателството кон странците и непријателството кон исламот.

Претседателот Ердоган ги изнесе и следните критики: „Европа која долги години како се споменува како колевка на демократијата, човековите права и слободи, денеска за жал е преобразена во структура која се бори против своите разлики.“

Инаку, со тврдење дека неправедно е добиена материјална помош којашто им е доделена на малите претпријатија кои биле подложени на штета во епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), освен на 4 претпријатија беше реализиран упад и во една џамија.

Упадот во џамијата „Мевлана“ во главниот град на Германија, Берлин, реализиран рано утрото во средата в зори од страна на 150 полицајци кои за време на сабах (утринскиот) намаз влегоа внатре со чизми и газеа врз теписите, доведе до реакции.



Слични вести