Ердоган рече дека се тестира воздушно-одбранбениот систем С-400

Дали САД ја прашува Грција за такво нешто?

1514870
Ердоган рече дека се тестира воздушно-одбранбениот систем С-400

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека се тестираат системите за противвоздушна одбрана С-400 купени од Русија.

Претседателот Ердоган во Истанбул одговораше на прашањата на новинарите.

На едно прашање во врска со  тестирањето на системите за противвоздушна одбрана С-400 купени од Русија Ердоган рече:

„Продолжува тестирањето на С-400 и (негативниот) пристап на Соединетите Американски Држави (САД) воопшти не нè обврзува. Ако не ги оствариме тестовите на можностите што ни стојат на располагање, што ќе правиме? Веројатно за тоа нема да ги прашаме САД. Ние тестираме и многу други оружја, а не само С-400. Ние ќе продолжиме со тестовите. Грција има С-300. Тие не само што ги тестираат, туку истовремено и ги користат. Дали САД ги прашува такво нешто? Ние сме решени и по нашиот пат ќе продолжиме на ист начин“.

Осврнувајќи се на повиците за прекин на огнот меѓу Азербејџан и Ерменија, Ердоган рече дека Ерменија не ги исполни претходните ветувања.

На евентуалните преговори што ќе се одржат меѓу двете земји и Турција има право да учествува.

„Неможно е да се остави настрана изјавата на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев. Како што Русија размислува дека има право да учествува во постигнувањето на мирот, верувам дека исто толку право има и Турција да учествува во овој процес. Всушност, досега од Русија по ова прашање сè уште не е изнесен негативниот став. Нема неповолно соопштение од Русија за уучеството  и на  Турција. Досега работевме заедно као во однос на азербејџанско-ерменскиот конфликт така и во однос на другите прашања, како што е Сирија. Се надевам дека и во иднина ќе фрлиме успешни чекори во решенијата и ќе ги решиме“.



Слични вести