Воена вежба „Слободна стрелба-2020“: Означените цели уништени со стопроцентна прецизност

На воената вежба „Слободна стрелба-2020“ означените цели беа погодени успешно со стопроцентна прецизност со оружја и воени системи како хаубици „Фиртина“, системи за противвоздушна одбрана „Коркут“ и национална пешадиска пушка

1514037
Воена вежба „Слободна стрелба-2020“: Означените цели уништени со стопроцентна прецизност

На воената вежба „Слободна стрелба-2020“ на која се реализирани силата на стрелба и оган на Турските вооружени сили (ТВС), означените цели се уништени со стопроцентна прецизност.

Воената вежба „Слободна стрелба-2020“ започна откако го зазедоа своето место на полигонот генерал Нахит Шеноглу во населеното место Полатли кај Анкара, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, началникот на генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, командантите на родовите и други надлежни. 

На воената вежба којашто е реализирана со цел да се покаже силата на стрелба и оган на Турските вооружени сили (ТВС), а со тоа и силата на одвраќање, како и да се развие кооординацијата прри стрелба меѓу родовите, учествуваа 1.096 војници на копнените, поморските и воздушните сили и на Командата на специјалните сили. 

На воената вежба за прв пат учествуваа и 4 нови вооружени системи внесени во инвентарот на Турските вооружени сили (ТВС), при што означените цели беа уништени со 37 системи на оружје.

На воената вежба „Слободна стрелба-2020“ означените цели беа погодени успешно со стопроцентна прецизност со оружја и воени системи како хаубици „Фиртина“, системи за противвоздушна одбрана „Коркут“ и национална пешадиска пушка, како оружја развиени со национални можности.



Слични вести