Турција објави нов „NAVTEX“: Активностите на „Оруч Реис“ во Источниот Медитеран се продолжени до 27 октомври

Согласно новиот објавен „NAVTEX“ на Турција, бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ заедно и со бродовите „Атаман“ и „Џенгизхан“ ќе реализира сеизмички активности во Источниот Медитеран до 27 октомври

1513785
Турција објави нов „NAVTEX“: Активностите на „Оруч Реис“ во Источниот Медитеран се продолжени до 27 октомври

Турција објави нова навигациска информација „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка) „NAVTEX“, според која активностите на бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ во определената зона во Источниот Медитеран се продолжени до 27 октомври.

Според претходно издадениот „NAVTEX“, задачата на „Оруч Реис“ требаше да заврши на 22 октомври (денеска).

Бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ заедно и со бродовите „Атаман“ и „Џенгизхан“ ќе реализира сеизмички активности во Источниот Медитеран до 27 октомври.

Инаку, бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ на чело со пребарувања на природни ресурси во континенталниот гребен може да реализира секој вид геолошки, геофизички, хидрографски и океанографски истражувања.

На бродот „Оруч Реис“ кој е едниот од ретките целосно опремени и повеќе наменски бродови за истражување можат да се вршат воедно и дводимензионални и тродимензионални сеизмички, гравитациски и магнетни геофизички истражувања во морето. 

„Оруч Реис“ може да реализира тродимензионални сеизмички операции на длабочина до 8.000 метри и дводимензионални сеизмички операции на длабочина до 15.000 метри во морето.



Слични вести