Реакција од Турција на декларацијата од самитот меѓу Египет, Грција и Кипарско-грчкиот дел

Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека во целост се отфрлува декларацијата којашто беше објавена на крајот на самитот меѓу Египет, Грција и Кипарско-грчкиот дел

1513928
Реакција од Турција на декларацијата од самитот меѓу Египет, Грција и Кипарско-грчкиот дел

Турција соопшти дека целосно ја отфрлува декларацијата којашто беше објавена на крајот на самитот меѓу Египет, Грција и Кипарско-грчкиот дел.

Во објавеното писмено соопштение од страна на Министерството за надворешни работи на Турција се истакнува следното: „Во целост ја отфрлуваме декларацијата којашто беше објавена на крајот на самитот меѓу Египет, Грција и Јужната кипарско-грчка управа и која исто како што беше случај и со претходните одржани состаноци на оваа тројка содржи неосновани обвинувања и тврдења против нашата земја.“

Во соопштението се нагласува дека тоа што овие објавени декларации од страна на оваа тројка за кои се наведува дека имаат за цел „поддршка на мирот, стабилноста и соработката во Источниот Медитеран“ секогаш целат против Турција, ја изнесуваат и главната цел на овие наведени земји.

Се подвлекува дека вистинската соработка во Источниот Медитеран би можела да со воспостави само со сеопфатен приод којшто ќе ги опфати сите крајбрежни земји, меѓу кои и кипарските Турци.

„Земјите кои ги создаваат проблемите во регионот, се додека не ги променат своите масималистички и непријателски политики не можат да бидат решение за проблемите. Ќе продолжиме да ги браниме со одлучност, ѝ нашите сопствени права, ѝ правата на кипарските Турци во Источниот Медитеран.“

 



Слични вести