Реакција од Калин на изјавата на ерменскиот премиер Пашинјан „не постои дипломатско решение во Карабах“

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин истакна дека изјавата на ерменскиот претседател Никол Пашинјан дека „не постои дипломатско решение во Карабах“ ја изнесува намерата на Ерменија

1513597
Реакција од Калин на изјавата на ерменскиот премиер Пашинјан „не постои дипломатско решение во Карабах“

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин во споделената објава на својот профил на социјалната мррежа Твитер истакна дека изјавата на ерменскиот претседател Никол Пашинјан дека „не постои дипломатско решение во Карабах“ ја изнесува намерата на Ерменија.

Калин ја изнесе следната констатација: „Изјавата на Пашинјан околу тоа дека 'не постои дипломатско решение во Карабах', ја изнесува намерата на Ерменија. Јасно е кој сака војна. Тоа, ја потврди праведноста на Турција и Азербејџан; Мирот и стабилноста во Јужен Кавказ ќе бидат воспоставени само откако Карабах ќе се ослободи од окупација.“ 

Во меѓувреме, и азербејџанскиот потпретседател Хикмет Хаџиев, повикот од страна на ерменскиот премиер Никол Пашинјан 'на граѓаните на фронтот' и неговата изјава во однос на тоа дека 'не постои дипломатско решение за проблемот', го окарактеризира како 'непочитување' на дипломатските иницијативи на меѓународната заедница.



Слични вести