Претседателот Ердоган се состана со патријархот на Ерменците во Турција Сахак Машалјан

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за време на погребната церемонија на пратеникот на АК Партијата од Истанбул Маркар Есајан се состана со 85. патријарх на Ерменците во Турција Сахак Машалјан

1514088
Претседателот Ердоган се состана со патријархот на Ерменците во Турција Сахак Машалјан

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се состана со 85. патријарх на Ерменците во Турција Сахак Машалјан.

Претседателот Ердоган заедно со својата сопруга Емине Ердоган, денеска во попладневните часови дојде до ерменската црква Мерјем Ана (Богородица) во Кумкапи во Истанбул, кадешто се одржа погребната церемонија на пратеникот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) од Истанбул Маркар Есајан кој почина во болницата кадешто се наоѓаше долго време на лекување.

Претседателот Ердоган беше пречекан од страна на 85. патријарх на Ерменците во Турција Сахак Машалјан со кого потоа преминаа во Патријаршијата на Ерменците во Турција кадешто одржаа средба.

По средбата којашто траеше приближно половина час, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган премина во ерменската црква Мерјем Ана (Богородица) кадешто се одржа погребната церемонија за покојниот пратеник Маркар Есајан.



Слични вести