Помош во храна од Турција за азербејџанските цивили во областите во близина на фронтот

Испратената помош во храна од 40 тони во готова храна и конзерви ќе им биде раздадена на приближно 2 илјади семејства кои живеат во областите во градовите Тертер, Агдам и Берде во близина на фронтот

1514101
Помош во храна од Турција за азербејџанските цивили во областите во близина на фронтот

Турција испрати помош во храна од 40 тони намената за азеребјџанските цивили кои живеат во близина на фронтот и кои се погодени од нападите коишто се реализираат од страна на Ерменија.

Испратените пакети во храна од страна на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) по одржаната церемонија со учество на амбасадорот на Турција во Баку Еркан Озорал, заменик претседателот на државниот комитет на Азербејџан одговорен за бегалци и раселени Фуад Хусејнов и координаторот на програмата на ТИКА во Баку Теоман Тирјаки, беа испратени во областа.

Во говорот што го одржа овде, амбасадорот на Турција во Баку Еркан Озорал нагласи дека Турција е покрај Азербејџан и во добро и во лошо.

Потсетувајќи дека Турција и Азербејџан се „две држави еден народ“, Озорал рече: „Го поддржуваме до крај Азербејџан во неговата борба што ја започна за ослободување на сопствените територии. нашата поддршка не е само тоа што сме браќа, истовремено се должи на праведната борба што ја води Азербејџан. Никако нема да ги оставиме сами нашите браќа.“  

Заменик претседателот на државниот комитет на Азербејџан одговорен за бегалци и раселени Фуад Хусејнов, исто така истакна дека ја чувствуваат големата поддршка на турската држава и турскиот народ во оваа борба и им се заблагодари на Турција и на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) за испратената помош во храна.

Помошта во храна од 40 тони составена во готова храна и конзерви ќе им биде раздадена на приближно 2 илјади семејства кои живеат во областите во градовите Тертер, Агдам и Берде во близина на фронтот.



Слични вести