Министерот Хулуси Акар: Ги повикуваме нашите соседи на дијалог во Источниот Медитеран и Егејското Море

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека Турција ги повикува своите соседни земји на дијалог во Источниот Медитеран и Егејското Море

1513933
Министерот Хулуси Акар: Ги повикуваме нашите соседи на дијалог во Источниот Медитеран и Егејското Море

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во говорот што го одржа за време на воената вежба „Слободна стрелба-2020“ на полигонот генерал Нахит Шеноглу во населеното место Полатли кај Анкара, меѓу другото се осврна и на случувањата во Егејското Море и Источниот Медитеран.

Акар истакна дека Турција ги повикува своите соседни земји на дијалог во Источниот Медитеран и Егејското Море.

„Со сета наша искреност велиме да разговараме и да ги решиме нашите проблеми со дијалог, средби, разговори, во рамките на добрососедските односи, меѓународното право и договорите. Меѓутоа, во еден момент случувањата се пренесуваат на меѓународни организации, се реализираат одредени напади преку печатот, има провокации, ниту еден од нив не се согледуваат. Истражувањата, активностите коишто се реализираат од страна на државата Република Турција целосно со научна и техничка цел, се настојува да се прикажуваат како провокација.“ - рече министерот Акар

Нагласувајќи дека грчкиот остров Меис (Кастелоризо) со површина од 10 квадратни километри кој се наоѓа на оддалеченост од 580 километри од Грција и само 1.950 метри од Турција не може да располага со морска надлежност од 40.000 квадратни километри, и дека тоа е неприфатливо, Хулуси Акар, продолжи со следните зборови:

„Кога велиме дека нешто нема да прифатиме (ќе кажеме не) сите во хор нè обвинуваат дека предизвикуваме затегнатост, вршиме провокација. Ние сме силни затоа што сме во право. Ние сме за дијалог и за политичко решение, но нема да дозволиме да бидат згазени нашите права, уште еднаш повторно и повторно велиме дека нема да дозволиме да дојде и до состојба на свршен чин. Тоа треба да биде јасно. Затоа ние ги повикуваме нашите соседи, другите институции и организации на дијалог. Дојдете да разговараме, да дискутираме, овие прашања да ги решиме во рамките на правилата. Нашата желба е тоа. Надвор од тоа, залуден обид претставува тоа што особено трети страни без ум, логика, придржување кон правото, надминувајќи ги и сопствените граници и својата става, се обидуваат да поставуваат некакви правила или тоа што очекуваат тие правила да бидат прифатени од наша страна.“

Велејќи дека Турција како гарантор на Кипар досега ги исполни своите одговорности, а ќе продолжи да ги исполнува со иста чувствителност и во иднина, министерот Акар рече: „Кипарското прашање е наша национална кауза. Вие, од една страна ќе се обидувате да ги креирате морските сфери на надлежност според себе си, од друга страна ќе ги негирате кипарските Турци, ќе ги сметате за ништовни и ќе барате решение. Ова е нерешение во вистинска смиесла на зборот. Ако се посакува политичко решение, да се воспостави погодна средина, ќе го прифатите постоењето на нашите кипарски браќа, по прашањето на морските сфери на надлежност праведноста ќе ја најдете следејќи го здравиот разум, а не правејќи го онашто го посакувате.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се осврна и на операцијата којашто по нападите на Ерменија врз азербејџанските цивилни цели, ја започна Азербејџан за ослободување на сопствените територии од окупација.

Тој рече: „На секо ниво, почнувајќи од највисоко ниво од нашиот претседател, рековме дека до крај ќе ја поддржуваме праведната кауза на Азербејџан, рековме дека како држава Република Турција и турски народ  сме и ќе продолжиме да стоиме покрај нашите азербејџански браќа.“

 



Слични вести