НАТО се залага за зајакнување на механизмот помеѓу Турција и Грција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека Турција и Грција се ценети НАТО сојузници и дека за НАТО е значајно да се намали затегнатоста и да се спречат непосакуваните настани или несреќи помеѓу сојузниците

1513396
НАТО се залага за зајакнување на механизмот помеѓу Турција и Грција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во дадената изјава во белгискиот град Брисел нагласи дека е загрижен по прашањето на затегнатоста во Источниот Медитеран и дека за НАТО е значајно да се намали затегнатоста и да се спречат непосакуваните настани или несреќи помеѓу сојузниците.

Столтенберг истакна дека Турција и Грција се ценети НАТО сојузници.

Јенс Столтенберг потсети дека затоа е формиран механизмот за методите за разградување за утврдување на начинот на однесување на страните во морето и во воздухот, а истовремено напомена дека е формирана линија за итна состојба за воспоставување на комуникација нон стоп, 24/7.

Нагласувајќи дека со сето тоа се има за цел да се спречат опасните ситуации, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтемберг го рече следното: „Ќе продолжиме со овие наши видови напори. Овие методи на разградување коишто се воени технички работи во штабот на НАТО, истовремено ги поддржуваат напорите предводени од Германија со коишто се има за цел обезбедување на експлораторските (истражувачките) разговори на кои ќе се разгледат основните проблеми кои лежат во недоразбирањето во Источниот Медитеран. Овие двосмерни напори продолжуваат заедно.“



Слични вести