Ердоган: „За две недели ќе почне етапата на тестови на домашната вакцина против Ковид-19 врз луѓето“

Нашата цел е на пролет целосно да го решиме прашањето со вакцината

1512837
Ердоган: „За две недели ќе почне етапата на тестови на домашната вакцина против Ковид-19 врз луѓето“

 

Претседателот Реџеп Таип Ердоган рече: „Домашните истражувања за вакцини (против новиот тип на коронавирус Ковид-19), за две недели ќе преминат во фаза на испитување односно тестирање врз луѓето.“

Претседателот Ердоган по состанокот на претседателскиот кабинет со кој претседаваше, одржа прес конференција

Ердоган рече дека е постигнат значаен развој од аспект на применливоста на светските истражувања во Турција.

Истражувањата за домаша вакцина, во претстојните две недели ќе преминат во фаза на испитување врз луѓето.

Гледано од тој аспект до крајот на годината очекуваме да фрлиме конкретни чекори.

Нашата цел е на пролет целосно да го решиме прашањето со вакцината“ рече Ердоган.



Слични вести