Ердоган: „Турција секогаш ќе биде на страната на правото и правдата“

Континуирано ќе продолжиме со нашата поддршка на нашите браќа кои очите и срцето ги свртеа кон нас

1512838
Ердоган: „Турција секогаш ќе биде на страната на правото и правдата“

Претседателот Реџеп Таjип Ердоган рече:

„На сите оние коишто не се откажуваат од соништата да нè исфрлат и ликвидираат од оваа географија, која ја браниме и штитиме по цена на нашите животи, ќе им  предизвимае уште многу кошмари.

Ердоган по состанокот на претседателскиот  кабинет одржа прес конференција.

Во врска со ерменските напади врз Азербејџан, Ердоган рече дека Турција никогаш нема да се откаже од правото да биде на страната на правото и правдата.

"Континуирано ќе продолжиме со нашата поддршка на нашите браќа кои очите и срцето ги свртеа кон нас. Не потклекнавме на узурпацијата на правата на нашата земја и на кипарските Турци во Источен Медитеран. Исто така, го поддржуваме Азербејџан да ги спаси своите окупирани територии. Ќе ги скршиме сите раце коишто ќе се насочат кон нашата независноста и иднината на нашата нација“.

Ердоган исто така рече дека бродот за дупчење Фатих следниот месец повторно ќе започне со дупчење.

„Податоците што ги имаме покажуваат дека можеме да добиеме информации за нови откритија. Природниот гас откриен во Црното Море ќе се користи за иднината на нацијата. Уште еднаш, посакувам ова откритие да биде аирилија и од корист“.

Претседателот Ердоган потенцираше дека Турција е земја ѕвезда во подем во период кога колапсираат сите глобални и регионални рамнотежи.



Слични вести