Володимир Зеленски: Односите помеѓу Украина и Турција се на досега невидено добро ниво

Укрианскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека односите помеѓу неговата земја и Турција се наоѓаат на досега невидено добро ниво

1512697
Володимир Зеленски: Односите помеѓу Украина и Турција се на досега невидено добро ниво

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во говорот што го одржа пред Парламентот даде значајни изјави и во врска со односите помеѓу Турција и Украина.

Зеленски истакна дека односите помеѓу неговата земја и Турција се наоѓаат на досега невидено добро ниво.

Привлекувајќи внимание дека им придаваат значење на зајакнувањето на армијата, Зеленски рече: „Со Турција ќе произведуваме корвети, мотори, наоружани беспилотни летала (СИХА) и системи за противвоздушна одбрана.“

Тој истакна дека на меѓународната арена се развиваат односи со голем број земји и рече дека односите помеѓу Украина и Турција се наоѓаат на досега невидено добро ниво. 

Украина, минатата година од Турција купи 6 наоружани беспилотни летала (СИХА) од типот „Бајрактар ТБ2“ (Bayraktar TB2) и 3 контролни станици на земја.

Гернералниот директор на државна компанија за трговија со оружје на Украина „Ukrspetseskport“ Вадим Ноздрија истакна дека се заинтересирани за заедничко производство во Украина на наоружаните беспилотни летала „Бајрактар ТБ2“ (Bayraktar TB2) и дека украинската армија планира да купи 48 наоружани беспилотни летала (СИХА) од заедничко производство.

Од друга страна, украинска делегација предводена од заменик премиерот и министер одговорен за стратешки индустрии на Украина Олег Урускиј во месец август престојуваше во посета на Турција.

За време на оваа посета Урускиј рече дека кај турската одбранбена индустрија постојат голем број работи коишто треба да се земат за пример.

 



Слични вести