Во Истанбул и Дијарбакир фатени четворица терористи кои се подготвувале за напад во големите градови

Четворицата терористи фатени во едновремено реализирана операција на 16 октомври во Истанбул и во Дијарбакир, од страна на жандармерирата биле испратени на суд и биле уапсени поради извршено кривично дело „членување во вооружена терористичка организација“

1512451
Во Истанбул и Дијарбакир фатени четворица терористи кои се подготвувале за напад во големите градови

Фатени се четворица терористи од планинскиот кадар на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои биле обучени за напади во големите градови.

Градската команда на жандармеријата на Дијарбакир установи дека четворица терористи кои во 2003 година се приклучиле кон планинскиот кадар на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и кои добиле обука за реализација на терористички акции со експлозивни направи во големите градови, се наоѓале во „тајната градска структура“ на организацијата и биле чувани подготвени како „ќелија во мирување“.

Четворицата терористи кои беа фатени во едновремено реализирана операција на 16 октомври во Истанбул и во Дијарбакир, по постапките во жандармеирјата биле испратени на суд кадешто биле уапсени поради извршено кривично дело „членување во вооружена терористичка организација.“

Во меѓувреме, е установено дека едниот од терористите работел како анестезиолошки техничар во Државната болница во градот Дијарбакир.



Слични вести