Турската крајбрежна стража спаси 59 турнати мигранти од страна на грчката крајбрежна стража

Екипите на турската крајбрежна стража во близина на населеното место Дикили кај градот Измир спасија 59 нерегуларни мигранти кои од страна на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) кон турските територијални води

1512478
Турската крајбрежна стража спаси 59 турнати мигранти од страна на грчката крајбрежна стража

Од водите на Егејското Море се спасени 59 мигранти качени на сплав кои од страна на елементите на крајбрежната стража на Грција иле турнати (присилно вратени назад) кон турските територијални води.

По добиени информации дека во морето во близина на Денизќој кај населеното место Дикили кај градот Измир се наоѓаат група нерегуларни мигранти качени на еден сплав, екипите на турската крајбрежна стража тргнаа кон местото на настанот.

Чамците на крајбрежната стража за кусо време стигнаа на местото каде се наоѓаше сплавот. 

Притоа беа спасени 59 нерегуларни мигранти кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) кон турските територијални води и биле оставени на сплавот.



Слични вести