Состанок на претседателскиот кабинет со интензивен дневен ред под претседателство на Ердоган

На состанокот ќе бидат разгледани бројни прашања меѓу кои и борбата на Азербејџан за ослободување на сопствените територии под окупација, затегнатоста во Источниот Медитеран и последната состојба  во борбата против коронавирусот

1512196
Состанок на претседателскиот кабинет со интензивен дневен ред под претседателство на Ердоган

Денеска во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, ќе се одржи состанок на претседателскиот кабинет со интензивен дневен ред.

На состанокот под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе бидат разгледани бројни прашања меѓу кои и борбата на Азербејџан за ослободување на сопствените територии под окупација, затегнатоста во Источниот Медитеран и последната состојба во борбата против коронавирусот.

На состанокот ќе биде поставена на маса последната состојба до која е дојдено во работите за вакцина и лек против новиот тип коронавирус (Ковид-19), а ќе биде направена проценка на тоа дали ќе бидат преземени дополнителни превентивни мерки во борбата против епидемијата.

Ќе бидат разгледани и селектирањата на откриените резерви на природен гас врз економијата.

Исто така на состанокот ќе се разговара и за борбата против тероризмот, како внатре во границите на земјата, така и надвор преку границата.

Со одржаните претседателски избори во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и изборот на Ерсин Татар за нов претседател е започнат нов период.

Во тие рамки, на дневниот ред на денешниот состанок на претседателскиот кабинет ќе се најдат и пред се односите помеѓу Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК), како и Кипарското прашање и случувањата во Источниот Медитеран.

На состанокот, исто така ќе биде разгледана и последната ситуација во Карабах, а ќе биде направена проценка и на борбата којашто ја води азербејџанската армија против Ерменија.



Слични вести