Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп во Баку се состана со Џејхун Бајрамов

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во рамките на својата неколкудневна официјална посета на Баку се состана со азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов

1512470
Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп во Баку се состана со Џејхун Бајрамов

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во Баку се состана со азербејџанскиот министер за надворешни Џејхун Бајрамов.

Шентоп и парламентарната делегација во негова придружба го посетија азербејџанското Министерство за надворешни работи.

На средбата лице в лице помеѓу претседателот на Собранието Мустафа Шентоп и азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов и меѓуделегациските разговори беа разгледани нападите коишто ги реализира Ерменија врз Азербејџан, операцијата којашто ја започна азербејџанската армија за ослободување на окупираните територии и други актуелни прашања.

Азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов ја достави својата благодарност за духовната поддршка којашто ја добиваат од Турција и од турксиот народ.

Шентоп исто така истакна дека Турција ќе продолжи да ја поддржува праведната кауза на Азербејџан.



Слични вести