Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп се обрати пред Националното Собрание на Азербејџан

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп истакна дека нерешението во Кавказ ќе продолжи се додека продолжи окупацијата на Нагорно Карабах и околината од страна на Ерменија.

1512439
Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп се обрати пред Националното Собрание на Азербејџан

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп се обрати пред пратениците на Националното Собрание на Азербејџан. 

Шентоп истакна дека нерешението во Кавказ ќе продолжи се додека продолжи окупацијата на Нагорно Карабах и околината од страна на Ерменија.

Шентоп во својот говор рече дека е реализирана мозочната смрт на Групата Минск на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).

Нагласувајќи дека 30 години како една петина од древните територии на Азербејџан се под окупација, Шентоп рече: „Турција како досега така и во иднина ќе стои покрај својот брат од срце Азербејџан.“

Тој напомена дека Ерменија убивањето на цивилите и невините го доведе во положба на своја државна политика и својот говор го продолжи со следните зборови: „Оваа ајдучка држава ги продолжува своите напади. Ерменија (ерменските војници) чија сила не е доволна да се борат против азербејџанските војници и бегаат без да гледаат назад, продолжуваат да ги масакрираат цивилите. Тоа е отворено воено злосторство. Тогаш треба да се праша светот, ако не го проколнувате тоа, што ќе проколнувате?“

Предупредувајќи дека доколку продолжи да се поддржува Ерменија ќе дојде во положба да им се заканува на сите земји во Кавказ, Шентоп го упати следниот повик: „Оние кои ја штитат Ерменија треба да ја сопрат оваа опасна игра.“

„Ерменската армија треба веднаш, безусловно да излезе од териториите коишто ги окупира. Оние кои го држат јажето на Ерменија веќе треба да ја сопрат оваа игра. Азербејџан нема за чекање уште 39 години.“ - порача претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во своето обраќање пред пратениците на Националното Собрание на Азербејџан.



Слични вести