Министерот Хулуси Акар: Нема да потклекнеме пред било каква состојба на свршен чин, наметнување, притисок

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека се посакува да се изнајде решение за проблемите со Грција со разговори, но дека нема да се потклекне пред било каква состојба на свршен чин

1512700
Министерот Хулуси Акар: Нема да потклекнеме пред било каква состојба на свршен чин, наметнување, притисок

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар преку видео-конференција разговараше со командантите на воените единици.

Министерот Акар во разговорот истакна дека Турција е на страната проблемите во Источниот Медитеран и Егејското Море да се решат со дијалог, во рамките на меѓународното право и добрососедските односи.

Акар рече дека се посакува да се изнајде решение за проблемите со Грција со разговори, но дека нема да се потклекне пред било каква состојба на свршен чин.

„Да се одржат експлораторски (истражувачки) разговори (Турција-Грција). Да се одржат разговори во НАТО, освен тоа да се одржи и четвртиот состанок од состаноците коишто ги започнавме во рамките на мерките за зголемување на довербата, од кои два се одржаа во Атина, а еден во Анкара. Да разговараме, проблемите да ги решиме со разговори. Меѓутоа од друга страна, секој би требало да виде, да разбере, дека нема да потклекнеме пред било каква состојба на свршен чин, наметнување, притисок.“ - порача Акар.

Осврнувајќи се и на нападите на Ерменија против цивилите, министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека Ерменија продолжува да ги таргетира цивилните цели и да ги масакрира луѓето, без да прави разлика меѓу деца и жени.

Акар воедно изрази уверување дека азербејџанските вооружени сили нема да ја остават на земјата, неосветена, крвта на цивилите кои ги губат своите животи.



Слични вести