Ердоган: Главна цел на иницијативите предводени од Макрон е пресметка со исламот и муслиманите

Претседателот Ердоган рече: „Оние кои се вознемирени од подемот на исламот ја напаѓаат нашата религија. Главна цел на овие видови иницијативи предводени од францускиот претседател (Емануел) Макрон, е пресметка со исламот и муслиманите.“

1512558
Ердоган: Главна цел на иницијативите предводени од Макрон е пресметка со исламот и муслиманите

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган преку видео-порака учествуваше на консултациониот состанок на министри и претседатели за верски прашања и главни муфтии на земјите членки и поматрачи на Организацијата за исламска соработка (ОИС) што се одржа преку интернет, во организација на Управата за верски прашања на Турција.

Претседателот Ердоган рече: „Оние кои се вознемирени од подемот на исламот, изнесувајќи ги како причина кризите коишто ги предизвикуваат лично тие самите, ја напаѓаат нашата религија. Во овој болен период исполнет со искушенија низ којшто поминуваме, верувам дека како муслимани треба повеќе да се слушаме меѓусебно едни со други, почесто да разменуваме идеи (размислувања).“

Велејќи „Од древните исламски градови кои низ вековите држеа светло на човештвото (го просветуваа човештвото) и кои се споменуваат по науката, мудроста и мирот, за жал денеска се креваат крикови“, претседателот Ердоган го подвлече следното: „Секојдневно во светот даваме како жртва на тероризмот или на насилството просечно по илјада наши браќа муслимани. Расизмот, племенството, секташтвото и терористичката фитна (терористичкиот раздор), се дојдени во состојба на проблеми кои го уништуваат исламскиот свет одвнатре.“

Ердоган своето обраќање го продолжи со зборовите „Жалосната слика во која се наоѓаат муслиманите ги охрабрува империјалистите и непријателите на исламот. Оние кои се вознемирени од подемот на исламот, изнесувајќи ги како причина кризите коишто ги предизвикуваат лично тие самите, ја напаѓаат нашата религија.“ 

„Реториките против иламот и муслиманите се најискористливите апарати коишто ги избираат денеска западните политичари, за прикривање на сопствените неуспеси. Термините коишто се поставуваат на дневен ред во блиско време како 'француски ислам', 'европски ислам', 'австриски ислам', се најпоследните примери на тоа. Главна цел на овие видови иницијативи предводени од францускиот претседател (Емануел) Макрон, е пресметка со исламот и муслиманите.“ - заклучи претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

 



Слични вести