Утре ќе се состане претседателскиот кабинет под претседателство на претседателот Ердоган

Утре во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе се одржи состанок на претседателскиот кабинет

1511820
Утре ќе се состане претседателскиот кабинет под претседателство на претседателот Ердоган

Утре во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, ќе се одржаи состанок на претседателскиот кабинет.

На состанокот под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе бидат разгледани бројни прашања меѓу кои и борбата на Азербејџан за ослободување на сопствените територии под окупација, затегнатоста во Источниот Медитеран и последната состојба во борбата против коронавирусот.

На состанокот ќе биде поставена на маса последната состојба до која е дојдено во работите за вакцина и лек против новиот тип коронавирус (Ковид-19), а ќе биде направена проценка на тоа дали ќе бидат преземени дополнителни превентивни мерки во борбата против епидемијата.

Ќе бидат разгледани и селектирањата на откриените резерви на природен гас врз економијата.

Исто така на состанокот ќе се разговара и за борбата против тероризмот, како внатре во границите на земјата, така и надвор преку границата.

Со одржаните претседателски избори во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и изборот на Ерсин Татар за нов претседател е започнат нов период.

Во тие рамки, на дневниот ред на утрешниот состанок на претседателскиот кабинет ќе се најдат и пред се односите помеѓу Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК), како и Кипарското прашање и случувањата во Источниот Медитеран.

На состанокот, исто така ќе биде разгледана и последната ситуација во Карабах, а ќе биде направена проценка и на борбата којашто ја води азербејџанската армија против Ерменија.



Слични вести