Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп во Баку се состана со азербејџанскиот премиер Али Асадов

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во Баку се состана со премиерот на Азербејџан Али Асадов

1512006
Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп во Баку се состана со азербејџанскиот премиер Али Асадов

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп кој престојува во неколкудневна официјална посета на Азербејџан, во рамките на своите средби и разговори во Баку се состана со азербејџанскиот премиер Али Асадов.

На одржаната средба во Владата, претседателот на Собранието Шентоп истакна дека оваа негова посета на Азербејџан беше испланирана однапред, но дека по операцијата којашто ја започна Азербејџан за ослободување на своите окупирани територии веднаш по реализираните напади од страна на Ерменија на 27 септември, на оваа посета и придаде уште поголемо значење. 

Велејќи дека Турција уште од самиот почеток го поддржува Азербејџан во неговата праведна кауза, претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп рече: „Го поддржуваме под секој услов и во секој случај. Бидејќи според нас Азербејџан првенствено е пријателска и братска земја. Меѓутоа, оваа кауза е праведна кауза. Ѝ историски, ѝ од аспект на меѓународното право Ерменија е окупатор, агресор. Ги окупира татковинските територии на Азербејџан. Од тој аспект, борбата, каузата на Азербејџан е праведна кауза, според конвенцијата на Обединетите нации (ОН е во својство на самоодбрана.“

Азербејџанскиот премиер Али Асадов истакна дека овие денови за Азербејџан се тешки, но достоинствени денови. 

Велејќи дека успешно продолжува операцијата којашто ја започна Азербејџан за ослободување на своите сопствени територии, азербејџанскиот премиер Али Асадов рече: „Нашата јуначка армија досега ослободи од окупација 2 града, 1 градче и 71 село. Чувствуваме гордост од тоа.“

Асадов, исто така ја достави до претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, својата благодарност за духовната поддршка којашто почна да пристигнува од Турција на секое ниво, уште од првите минути на судирите.

 



Слични вести