Пораки со честитики до Татар

Министерот Акар во пораката со честитки на Татар му посака резултатите од изборите да бидат аирлија и да имаат поволен исход за кипарските Турци

1511724
Пораки со честитики до Татар
ÖMER ÇELİK.jpg

Министерот за национална одбрана Хулиси Акар испрати честитка до Ерсин Татар, кој беше избран за 5-ти претседател на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за национална одбрана беше истакнато дека министерот Акар во пораката со честитки на Татар му посака резултатите од изборите да бидат аирлија и да имаат поволен исход за Кипарските Турци.

„Кипарските Турци кои мировната операција на Кипар во 1974 година се стекна со мир и спокојство и во 1983 година ја прогласија својата независна држава, со овие избори покажаа дека имаат примерна демократија .

Турција, секогаш беше и ќе биде на страната на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и Кипарските Турци“ рече Акар потенцирајќи: „Невозможно да се заборави што се сé случи на Кипар пред мировната операција. Турција согласно меѓународниот мировен договор што беше постигнат за континуиран мир и стабилност на островот и мировната операција на најдобар начин ќе продолжи да ги извршува одредбите согласно ја гарантирското право и задача“.

Турските вооружени сили (ТВС) и Турција достојно ги извршува и ќе продолжи да ги извршува сите обврски и задачи за заштита на правата, придобивките и интересите на ТРСК во Источниот Медитеран, на хероите им изразувам слава и покој на душатам а на ветераните здрав и долг живот“ рече Акар.

Портпаролот на Партијата за правда и развој (АК партија) Омер Челик во објавата преку профилот на Твитер истакна дека Кипарските Турци, кои со голема самодоверба ја водеа борбата за стекнување со своите права и правда, покажаа голема демократска зрелост на претседателските избори во Турската Република Северен Кипар.

Целиот свет имаше можност да ја види моќта на демократијата во ТРСК. Кипарските Турци го избраа г-дин Ерсин Татар за претседател, кој се издвојува со својот напор, визија и лидерство за суверените права на ТРСК, Кипарската кауза и заштитата на правата и интересите во Источен Медитеран и на тој начин на светот му упати јасна порака.

Решителниот, стабилен и драгоцен став на Кипарските Турци во претстојниот период ќе продолжи да расте и посочи дека ќе биде голема мотивација за зголемување и интензивирање на соработката меѓу Турција и ТРСК.



Слични вести