Министерот за национална одбрана Хулуси Акар го прими новиот началник на Генералштабот на Либија Ал Хадад
Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, на средбата во Министерството во Анкара присуствуваше и началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, денеска во Анкара го прими началникот на Генералштабот на Либија генерал на армија Мухамед Али Ахмед ал-Хадад.
Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, на средбата во Министерството присуствуваше и началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер.
На средбата беа разменети мислења во врска со последната ситуација во Либија, а воедно министерот за национална одбрана Хулуси Акар му честита на началникот на Генералштабот на Либија генерал на армија Мухамед Али Ахмед ал-Хадад за неговото назначување на оваа должност.
На средбата, министерот Акар ги нагласи 500 годишните историски пријателски и братски врски помеѓу Турција и Либија, а воедно го рече следното: „Ќе продолжиме да им даваме поддршка на нашите либиски браќа за поспокоен, посреќен и побезбеден живот.“
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека со начинот на сфаќање „Либија е на Либијците“ Турција ќе продолжи да прави се што е во нејзина можност за да се стекне регионот со стабилност, а воедно информира дека Турција ја поддржува стабилна, независна и суверена Либија.
Министерот Акар воедно рече дека Турција ќе ги продолжи своите работи за обука, поддршка и консултантски активности во воената и безбедносната сфера, а во рамките на постигнатите договори со легитимната Влада на Либија која е призната и од страна на Обединетите нации (ОН).