Министерот Сулејман Сојлу: Во минатонеделните операции кај градот Хаќќари се неутрализирани 17 терористи

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека во реализираните операции минатата недела на планините Аманослар во подрачјето на градот Хаќќари се неутрализирани 17 терористи

1511926
Министерот Сулејман Сојлу: Во минатонеделните операции кај градот Хаќќари се неутрализирани 17 терористи

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, по повод Денот на претседателите на месни заедници учествуваше на организираната програма во Министерството во чии рамки се состана на ручек со 50 претседатели на месни заедници.

Во говорот што го одржа овде, министерот Сојлу истакна дека во реализираните операции минатата недела на планините Аманослар во подрачјето на градот Хаќќари се неутрализирани 17 терористи.

Велејќи дека јавноста минатата недела беше информирана за реализираната операција во подрачјето на градот Хаќќари, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече: „Ја информиравме јавноста дека во оваа операција се неутрализирани вкупно 8 терористи. Местото на операцијата е многу значајно. Во ова место на операцијата влеговме за прв пат и се неутрализирани 17 терористи. Вчера повторно на планините Аманослар е разбиена Групата Дортјол Ислахије. Ќе ги уништиме и останатите на планината Аманослар и онака како што е реализирана чистка во Црноморскиот регион, сега ќе се спасиме од оваа белја и на планините Аманослар. Немаат друго чаре (решение) освен да се предадат или да избегаат.“



Слични вести