Реакција од МНО на Турција против ерменскиот напад врз Генџе со фотографии на убиени бебиња

На профилот на Министерството за национална одбрана преку социјалната мрежа Твитер се споделени фотографии на бебе завиено во бел чаршаф (кефен) кое го загуби животот во ракетниот напад на Ерменија врз азербејџанскиот град Ганџа (Ганџа или Гања)

1511227
Реакција од МНО на Турција против ерменскиот напад врз Генџе со фотографии на убиени бебиња
Ermeni Saldırısı Gence bebek.jpg
gence saldiri.jpg
milli savunma bakanligi.jpg

Министерството за национална одбрана на Турција, на реализираниот напад со балистички ракети од страна на Ерменија врз градот Генџе (Ганџа или Гања) во Азербејџен, покажа реакција со објавување фотографии на измасакрирани бебиња.

На профилот на Министерството за национална одбрана преку социјалната мрежа Твитер се споделени фотографии на бебе завиено во бел чаршаф (кефен) кое го загуби животот во ракетниот напад на Ерменија.

Во споделената објава се упатува повик до луѓето кои зборуваат на различни јазици и живеат на различни простори низ светот.

„Ова малечко бебе е измасакрирано со балистичка ракета од страна на ерменската армија додека беше во сон. Нашиот јазик, нашата религија, нашите земји можат да се различни, меѓутоа оваа фотографија е доволна за да го изгоре срцето на сите нас. Можеби оваа фотографија ја гледате за прв пат, меѓутоа азербејџанскиот народ 30 години како живее со истата фотографија. Ерменија која пред 30 години ги измасакрира бебињата, и денеска го продолжува истото убиство. Ако има човек кој гледајќи ја оваа фотографија има сила да молчи, нека молчи! Ние нема да молчиме!“ - се вели во споделената објава на профилот на Министерството за национална одбрана на Турција на социјалната мрежа Твитер. 



Слични вести