Претседателот Ердоган: Западните земји не стојат покрај Азербејџан пред ерменските напади

Претседателот Ердоган истакна дека Тројката од Минск (САД, Русија, Франција), и доставуваат поддршка на Ерменија во оружје и истакна дека западните земји не стојат покрај Азербејџан пред нападите коишто се реализираат од страна на Ерменија

1511309
Претседателот Ердоган: Западните земји не стојат покрај Азербејџан пред ерменските напади

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на 7. Вонреден конгрес на градскиот огранок на својата владејачка Партија за правда и развој (АК Партијата) во градот Ширнак.

Претседателот Ердоган истакна дека Тројката од Минск (САД, Русија, Франција), и доставуваат поддршка на Ерменија во оружје и истакна дека западните земји не стојат покрај Азербејџан пред нападите коишто се реализираат од страна на Ерменија. 

„Додека се прави сето тоа, нашите Азербејџански браќа водат мошне сериозна борба против Ерменците. Зошто ја водат оваа борба? Оваа борба ја водат за да ги ослободат окупираните територии на Азербејџан од страна на Ерменците. Што би можело да има поприродно од тоа? Аллах нека им е на помош. Верувам дека овие територии под окупација ќе ги земат и ослободат од Ерменците.“ - рече Ердоган.

Освен тоа, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во својот говор во врска со откриениот гас во полето Сакарја го рече следното: „Откриениот природен гас од 405 милијарди метри кубни во лежиштето Дунав-1 (Tuna-1) во полето Сакарја, е со големина да може да ја обезбедува потребата од природен гас на нашата земја, со години.“

Претседателот Ердоган во градот Ширнак учествуваше и на свечено пуштање во употреба на неколку новоизградени објекти и во говорот што го одржа овде се осврна на процесот на борбата на Турција против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

„Нашата земја, плодот на 18 годишните инвестирања во здравството го доби во последните 8 месеци. Со исправено чело ја водевме здравствената криза пред која развиените земји во светот беа затечени неподготвени.“ - рече претседателот Ердоган.



Слични вести