Порака со честитка од претседателот Ердоган по повод 18 Март, Денот на независноста на Азербејџан

Претседателот Ердоган во својата објавена порака на Твитер по повод 18 Март, Денот на независноста на Азербејџан, истакна дека Турција ќе продолжи да го поддржува Азербејџан во секоја сфера

1511299
Порака со честитка од претседателот Ердоган по повод 18 Март, Денот на независноста на Азербејџан

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, на својот профил на социјалната мрежа Твитер, му го честита 18 Март, Денот на независноста на Азербејџан.

Претседателот Ердоган во својата објавена порака истакна дека Турција ќе продолжи да го поддржува Азербејџан во секоја сфера.

„Го честитам 18 Март Денот на независноста на нашиот брат од срце, пријател од срце, Азербејџан. Со сфаќањето 'еден народ, две држави', ќе продолжиме да го поддржуваме Азербејџан во секоја сфера и да стоиме покрај нашите браќа во нивната борба за татковината.“ - напиша претседателот Ердоган во својата порака.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во објавата ја сподели и заедничката сликана фотографија со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.



Слични вести