Објава од претседателот Ердоган за откриените нови резерви гас во лежиштето „Дунав-1“ во Црното Море

Претседателот Ердоган по соопштувањето на радосната вест од бродот за дупчење „Фатих“ за откриените дополнителни 85 милијарди метри кубни природен гас, односно вкупно 405 милијарди метри кубни гас, сподели објава на својот профил на Твитер

1511228
Објава од претседателот Ердоган за откриените нови резерви гас во лежиштето „Дунав-1“ во Црното Море

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер посака да биде аирлија откриениот природен гас којшто ќе се вади од лежиштето „Дунав-1“ (Tuna-1) во локацијата Сакарја во Црното Море.

Претседателот Ердоган напиша: „Природниот гас со новите бројки од 405 милијарди метри кубни што ќе го вадиме од лежиштето Дунав-1, посакувам да биде аирлија и берикетен за нашата земја и за нашиот народ.“

На графиконот во споделената објава под наслов „Во значителна мера ќе ја намалиме зависноста од надвор во природниот гас“ се истакнува следното: „Резервите коишто ги откривме во Црното Море, се најголемиот јаглеводороден извор на нашата земја досега. Со овие откритија за коишто веруваме дека ќе продолжат да следуваат и во иднина, Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) во значителна мера ќе биде намалена зависноста од надвор во природниот гас. Со намалување на износот што го плаќаме надвор за нафтата и природниот гас којшто го сочинува најголемиот дел од нашите напори за развој и раст, ќе можеме да му ги даваме по поповолна цена на нашиот народ овие услуги. На тој начин ќе се стекнеме со можност и останатиот извоз во нашата земја да го усмериме кон инвестирање, производство и вработување.“

На споделениот графикон беа дадени и следните информации во врска со активностите:

„Во првите два слоја во лежиштето Дунав-1 се откриени 320 милијарди мети кубни природен гас. Нашиот брод којшто ги продолжува своите активности за дупчење (сондажа) достигна до длабочина од 4.445 метри.

На резервите коишто ги откривме се додадени уште 85 милијарди метри кубни. Работите во лежиштето „Дунав-1“ завршија.

Активностите за дупчење (сондажа) ќе продолжат во лежиштето „Туркали“ во полето Сакарја.

Благодарение на роботот „KAŞİF“ (истражувач) производен со домашни и национални можности, ќе можат да се реализираат активности на дното на морето.

Нашите бродови за дупчење (сондажа) сочинуваат приближно 20 оттсто од вкупната флота за длабоко дупчење во морето, во светот.“

Освен тоа, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во врска со откритието на нови резерви на природен гас во лежиштето „Дунав-1“ од страна на бродот за дупчење „Фатих“ на своите профили на социјалните медиуми сподели и објава под наслов „Како започна? / Како оди?“

Претседателот Ердоган, на своите профили на Твитер и Инстаграм во споделените објави со етикетата „Нова радосна вест во националната енергија“ сподели две фотографии сликани за време на испраќањето на бродот за дупчење „Фатих“ на 29 мај во Црното Море и неговата вчерашна посета на бродот „Фатих“.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во дадената изјава вчера по остварената посета на бродот за дупчење „Фатих“ ја даде радосната вест дека во лежиштето „Дунав-1“ се откриени дополнителни 85 милијарди метри кубни природен гас и дека заедно со ова откритие вкупната количина на резервите на природен гас во лежиштето „Дунав-1“ достигна до 405 милијарди метри кубни.

 



Слични вести