Реакциите на Турција против ерменскиот напад

Сите оние кои сèуште ги игнорираат и замижуваат пред овие воени злосторства треба да знаат дека тие ќе бидат обвинети за соучесници пред меѓународното право

1510790
Реакциите на Турција против ерменскиот напад

Ерменската армија изврши ракетен напад врз азербејџанските градови Генџе и Мингечевир. Во нападот на Генџе загинаа 13 цивили, од кои 2 деца, а над 45 цивили беа повредени.

Претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп остро реагираше на ерменските напади врз невините цивили.

Шентоп во објавата преку својот профил на Твитер рече дека „мета на ракетните напади на ајдутската држава Ерменија врз градовите Генџе и Мингечевир повторно беа невините цивили“.

„Сите оние кои сèуште ги игнорираат и замижуваат пред овие воени злосторства треба да знаат дека тие ќе бидат обвинети за соучесници пред меѓународното право.

Потпретседателот на државата Фуат Октај, во објавата на својот Твитер профил, исто така остро реагираше на ерменскиот ракетен напад врз градот Генџе.

„Терористичката и окупаторска држава Ерменија, која изврши воени злосторства, погоди невини цивили во Генџе, без оглед на тоа дали се жени, деца или стари лица, и уште еднаш го покажа своето валкано лице. Ова се нарекува подлост, кукавичлук, непризнавање на правото.

Навистина е значајно што земјите и меѓународните организации кои имаат влијание за сите прашање, за жал молчат пре ерменскиот напад врз невините цивили.

„Ниту едно злосторство против човештвото нема да остане неказнето. Ние ќе продолжиме со силната поддршка на братски Азербејџан“.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека Ерменија продолжува да извршува воени злосторства и да ги убива невините цивили.

Чавушоглу, во објавата на својот профил на Твитер истакна дека Ерменија уби невини луѓе без огле дна тоа дали се работи за деца.

„Ерменија продолжува да извршува воени злосторства и да убива невини цивили. Индиферентноста наспроти ова дивјаштво значи да се биде соучесник во овие убиства“.

Министерот Чавушоглу,

„Оние што не го стекнаа својот дел од човештвото ќе одговараат за злосторствата кои што ги извршија. Ние секогаш сме со Азербејџан“.

Портпаролот на претседателството Ибрахим Калин во врска со ерменските нападите врз невините цивили рече:

„Ова беззаконие и масакри нема да останат без одговор“.

Во објавата на својот профил на Твитер, Калин истакна дека Ерменија изврши воени злосторства и покрај прогласениот прекин на огнот.

Наведувајќи дека ерменската армија исто како во Хоџали продолжува со убиствата врз невините жени, деца, стари лица и цивили, Калин рече:

„Ова беззаконие и масакри нема да останат без одговор. Без оглед на тоа кој што и да рече, Турција до крај ќе биде на страната на Азербејџан“.

Портпаролот на Партијата за правда и развој (АК партија) Омер Челик изјави дека ги осудуваат ерменските убиствени напади.

„Ерменија и нејзините подржувачи се однесуваат како масакр мрежа која што не ја нема дури правото на војната. Овие напади и масакри нема да останат неказнети“.

Челик во објавата на својот профил на Твитер во врска со нападите на ерменската армија врз азербејџанскиот град Генџе истакна:

"Ние сме со братски Азербејџан. Ние ги осудуваме убиствените напади на Ерменија. Ерменија, како ајдутска држава, убива цивили. Извршува брутални масакри. Убијците и нивните подржувачи го прекршуваат правото. Нападите врз Генџе се злосторство против човештвото. Ерменија и нејзините подржувачии се однесуваат како масакр мрежа што се коси дури со законот за војна. Овие напади и масакри нема да останат неказнети. Ерменија е виновна за извршените злосторства против човештвото. Ерменија мора да биде осудена во име на човештвото и правото“.

Лидерот на Републиканската народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу исто така остро ги осуди ракетните напади извршени од ерменската армија врз азербејџанските градови Генџе и Мингечевир.

Киличдароглу, во објавате преку профилот на Твитер истакна:

"Остро ја осудувам Ерменија, која изврши воени и злосторства против човетшвото со своите напади врз азербејџанските градови Генџе и Мингечевир. На братскиот азербејџански народ му изразувам желба што поскоро да поминат овие немили случувања, а исто така уште еднаш повторувам дека сме на страната на  нивната праведна кауза“.



Слични вести