Претседателот Ердоган рече дека во зоната Дунав-1 се откриени 405 милијарди метри кубни гас

Нашата цел е овој гас до 2023 година да го пружиме на услуга на нашиот народ

1510929
Претседателот Ердоган рече дека во зоната Дунав-1 се откриени 405 милијарди метри кубни гас

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган ја објави радосната вест дека вкупната количина резерви на природен гас во зоната Дунав-1 на гасното поле Сакарја во Црното Море изнесува 405 милијарди кубни метри.

Претседателот Ердоган и делегацијата во негова придружба составена од потпретседателот Фуат Октај, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, директорот за комуникации при претседателството Фахретин Алтун, портпаролот на претседателството Ибрахим Калин во рамките на посетата на бродот „Фатих“ направија увид.

Ердоган му се обрати на персоналот којшто работи во Комората за управување со дупчењето на бродот „Фатих“ и издаде инструкција за завршување на активностите за дупчење во басенот на гас Сакарја.

Истакнувајќи дека денес ги завршија сондажните активности на дупчење што започнаа на 20 јули во гасното поле Сакарија, претседателот Ердоган на бродот „Фатих“ го тестираше и напредниот технолошки подводен робот „KAŞİF“ (ИСТРАЖУВАЧ), кој се произведува со домашни и национални можности.

Претседателот Ердоган рече:

„Вкупната количина резерви на природен гас во зоната Дунав-1 на гасното поле Сакарја изнесува 405 милијарди кубни метри. Нашата цел е овој гас до 2023 година да го пружиме на услуга на нашиот народ.

На досегашните резерви кои што ги откривме како резултат на тест анализите и деталните инженерски студии, додадени се уште други 85 милијарди кубни метри.

Ние не гаииме никакви претензии кон правата на другите и не гаиме никакви територијални претензии

Ќе продолжиме да бараме ресурси на јаглеводороди во Црното Море и Медитеранот.

„Доколку не се заземе фер став во Источниот Медитеран, ова ќе биде официјално објавување дека доаѓа крајот на Европската унија (ЕУ)“.



Слични вести