Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со канадскиот премиер Трудо

Претседателот Ердоган во телефонскиот разговор истакна дека азербејџанската армија операцијата којашто ја започна како противнапад на ерменските напади, ја реализира во своите сопствени меѓународно признати граници

1510647
Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со канадскиот премиер Трудо

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со премиерот на Канада Џастин Трудо. 

Претседателот Ердоган во телефонскиот разговор истакна дека азербејџанската армија операцијата којашто ја започна како противнапад на ерменските напади, ја реализира во своите сопствени меѓународно признати граници.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, во телефонскиот разговор помеѓу претседателот Ердоган и канадскиот премиер Џастин Трудо беа разгледани чекорите в правец на развивање на односите помеѓу Турција и Канада, зголемувањето на обемот на взаемната трговија и надминувањето на присутните проблеми во соработката во одбранбената индустрија.

Претседателот Ердоган во разговорот рече дека суспендирањето на извозот во Турција на некои воени производи од Канада поради ерменско-азрбејџанскиот спор во кој поради нападите од страна на Ерменија е покачена тензијата, е во споривност со духот на сојузништво.

Велејќи дека вистинскиот извор на ерменско-азербејџанскиот спор е приближно 30 годишната окупација на Нагорно Карабах од страна на Ерменија, претседателот Ердоган нагласи дека азербејџанската армија операцијата којашто ја започна како противнапад на ерменските напади, ја реализира во своите сопствени меѓународно признати граници.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, телефонскиот разговор со канадскиот премиер Џастин Трудо го оствари за време на вечерата којашто беше приредена во чест на украинскиот претседател Володимир Зеленски кој престојува во посета на Турција.

Во еден дел од телефонскиот разговор учествуваше и украинскиот претседател Зеленски кој исто така оствари пријателски разговор со канадскиот премиер Џастин Трудо.



Слични вести