Министерот за одбрана Акар оствари средба со азербејџанскиот колега Хасанов

Акар го осуди ерменскиот напад врз Генџе во кој беа убиени цивили

1510834
Министерот за одбрана Акар оствари средба со азербејџанскиот колега Хасанов

 

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече дека Ерменија продолжува да извршува воени злосторства, а оние што повикуваат на прекин на огнот, нападите и натаму продолжуваат да ги следат од далеку.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на Министерството за национална одбрана, министерот Акар одржа телефонски разговор со министерот за одбрана на Азербејџан, генерал на армија Хасанов.

На средбата беа разменети мислења за најновата состојба во операцијата што ја започна Азербејџан за солободување на окупираните територии.

Акар го осуди ерменскиот напад врз Генџе во кој беа убиени цивили и рече:

„Ерменија повторно ги масакрираше нашите браќа во Азербејџан, без оглед на тоа дали се деца, жени и возрасни лица. Ерменија продолжува да извршува воени злосторства, а оние што повикуваат на „прекин на огнот“ и „преговори“ нападите ги следат од далеку. Сите оние кои што издадоа наредби за напади со балистички ракети врз невините цивили, апсолутно ќе одговараат за тоа, а исто така историјата никогаш нема да им прости на оние што молчат на оваа бруталност“.

Изразувајќи верување дека Азербејџанските вооружени сили нема да ја остават непролеана крвта на цивилите кои ги загубија своите животи, Акар рече:

„Ние со сите наши средства ќе продолжиме да стоиме на страната на нашите азербејџански турски браќа во борбата за зачувување на територијалниот интегритет и враќање на сопствените територии и во нивната праведна кауза“.

Акар и честиташе на азербејџанската армија која го ослободи градот Фузули од окупацијата и собори два СУ-25 авиони на Ерменија, кои ги бомбардираа цивилните населби и им изрази сочувство, милост од Алах на Азербејџанските Турци кои ги загубија своите животи во нападите, додека на повредените им посака што побрзо да оздрават.



Слични вести