Министерот Хулуси Акар разговараше телефонски со својот азербејџански колега Закир Хасанов

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека Ерменија продолжува да извршува воено злосторство, додека пак оние кои упатуваат повик за прекин на огнот и преговори продолжуваат да ги следат ерменските напади од далеку

1510829
Министерот Хулуси Акар разговараше телефонски со својот азербејџански колега Закир Хасанов

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар оствари телефонски разговор со азербеџјанскиот министер за одбрана Закир Хасанов.

Во разговорот чија тема беше операцијата коајшто ја реализира Азербејџан за ослободување на своите окупирани територии, министерот Акар истакна дека Ерменија продолжува да извршува воено злосторство, додека пак оние кои упатуваат повик за прекин на огнот и преговори продолжуваат да ги следат ерменските напади од далеку.

Акар и честита на азербејџанската армија која го ослободи од окупација и градот Фузули и која досега сруши 2 воени авиони „Су-25“ на Ерменија која пак отвора оган и ги таргетира азербејџанските цивилни населени места.

„Ерменија продолжува да извршува воено злосторство, а оние пак оние кои упатуваат повик за прекин на огнот и преговори продолжуваат да ги следат ерменските напади од далеку.“ - рече министерот за национална одбрана Хулуси Акар.



Слични вести