Кај градот Ширнак се неутрализирани тројца терористи од кои еден од категоријата со портокалова боја

Министерството за внатрешни работи соопшти дека Во руралното подрачје на градот Ширнак се неутрализирани тројца терористи на ПКК меѓу кои се наоѓа и еден терорист внесен во списокот на барани терористи од категоријата означена со портокалова боја

1510992
Кај градот Ширнак се неутрализирани тројца терористи од кои еден од категоријата со портокалова боја

Во руралното подрачје на градот Ширнак се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, меѓу кои се наоѓа и еден таканаречен одговорен за екипа, внесен во списокот на барани терористи од категоријата означена со портокалова боја.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, во рамките на операцијата „Молња-13 Бестлер-Дерелер“ во подрачјето на планината Џуди е реализирана антитерористичка операција од страна на жандармериските командоси од градската команда на жандармеријата на Ширнак и единиците на специјалните жандармериски сили (JÖH).

Притоа во операцијата поддржана и од Командата на воздушните сили се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Меѓу тројцата неутрализирани терористи установено е дека се наоѓа и лицето по име Мехмет Нури Хусидур познат под кодното име „Ихсан Нури“, таканаречен одговорен за екипа, внесен во списокот на барани терористи од категоријата означена со портокалова боја.



Слични вести