Ердоган новата количина на резерви ќе ја објави за време на посетата на бродот „Фатих“

Првиот домашен брод за дупчење „Фатих“ игра предводничка улога во оваа остварувањето на оваа визија

1510890
Ердоган новата количина на резерви ќе ја објави за време на посетата на бродот „Фатих“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган за време на неговата посета на бродот за дупчење Фатих ќе ја објави количината на нови резерви откриени во Црното Море.

Претседателот Ердоган, денес ќе го посети бродот за дупчење Фатих, кој вршеше истражувања на површина од околу 175 километри пред крајбрежјето на градот Зонгулдак и ќе го објави износот на нови резерви на Турција.

Дупчењето односно сондажните истражувања во морето претставува еден од најважните столбови на енергетски потфати на Турција за целосна независност. Првиот домашен брод за дупчење „Фатих“ игра предводничка улога во оваа остварувањето на оваа визија.

Бродот „Фатих“ е пловечки гигант со должина од 229 метри и ширина од 36 метри. Само кулата за сондажа е долга 64 метри. Може да остварува дупчење на длабочина од 12 илјади 200 метри.

Бродот најпрвин своите стражувања ги оствари во Источен Медитеран, а од 20 јули почна и со истражувања во Црното Море.

Истражувањата на бродот „Фатих“ кој ги започна во зоната Дунав-1 пред крајбрежјето на Ерегли кај Зонгулдак и не ги разочара надежите, со откривање на на 320 милијарди кубни метри природен гас постигна историско откритие.



Слични вести