Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани четворица терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани четворица терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ

1510522
Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани четворица терористи

Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани четворица терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека терористите отворија провоцирачки оган врз подрачјето на операцијата Извор на мирот, во северниот дел на Сирија.  

Во соопштението се вели следното: „Четворица терористи на ПКК/ЈПГ кои отворија провоцирачки оган врз подрачјето на операцијата Извор на мирот, се неутрализирани со артилериски орудија.“

Во истото соопштение се вели дека во реализираните операции во последниот еден месец се неутрализирани вкупно 107 терористи од кои 46 мина внатре во границите на земјата и 61 надвор преку границата.

Инаку, Турските вооружени сили (ТВС) и Сириската национална армија (СНА) на 9 октомври 2019 година ја започнаа операцијата Извор на мирот против терористите во северниот дел на Сирија.

Операцијата е завршена успешно на 22 октомври 2019 година и простор од 2.200 квадратни километри беа ослободени од окупацијата на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.



Слични вести