Турција го демантираше тврдењето на Ерменија за ракетен напад на Нахчиван

Се поочигледно е дека Ерменија од ден на ден станува се поагресивна поради поразите што ги доживува во окупираните територии

1510521
Турција го демантираше тврдењето на Ерменија за ракетен напад на Нахчиван

Турција го демантираше тврдењето на Ерменија за ракетен напад на Автономната Република Нахчиван

Министерството за надворешни работи во врска со ерменското тврдење за нападот врз Нахчиван објави соопштение во кое беше демантиран нападот.

„Се поочигледно е дека Ерменија од ден на ден станува се поагресивна поради поразите што ги доживува во окупираните територии. Тврдењето за напад врз Автономната Република Нахчиван, со која имаме заедничка граница, е нов и опасен пример за обид за ширење на конфликтот надвор од азербејџанските окупирани кои се окупирани од страна на Ерменија. Затоа Ерменија мора да престане и да се откаже од овие опасни провокации“.

Во соопштението беше истакнато дека Ерменија со овој агресивен став се обидува конфликтот да го премести во друга димензија.

"Ерменија, кршејќи го хуманитарниот прекин на огнот, извршува воени злосторства напаѓајќи цивили, а сега се обидува конфликтот да го пренесе во друга димензија. Ерменија треба добро да ги пресмета резултатите од овие агресивни активности. Нашата солидарност со братски Азербејџан и нашите азербејџански браќа секогаш ќе биде целосна".

Во соопштението објавено од страна на Министерството за одбрана на Азербејџан, беше истакнато дека ерменските сили од окупираниот регион Губадли во Карабах вчера изутрина извршиле ракетен напад врз провинцијата Ордубад во азербејџанската Автономна Република Нахчичеван и дека не биле оштетени цивилното население и населбите.



Слични вести