Турција ги осуди нападите во Пакистан

Турција остро ги осудува овие грозоморни акти на тероризам, изразуваме жалење и сочувство на сите оние што ги загубија своите животи

1510093
Турција ги осуди нападите во Пакистан

Турција ги осуди терористичките напади во пакистанската провинција Белуџистан и регионот Северен Везиристан.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на Министерството за надворешни работи беше истакнато дека со тага беше примена информацијата за терористичките напади во пакистанската провинција Белучистан и регионот Северен Везиристан, во кој загинаа голем број безбедносни лица.

Во соопштението беше истакнато следното:

„Турција остро ги осудува овие грозоморни акти на тероризам, изразуваме жалење и сочувство на сите оние што ги загубија своите животи, посакуваме што побрзо заздравување на повредените и сочувство до пријателската влада на Пакистан и братскиот пакистански народ“.

Имено во терористичкиот напад врз безбедносните сили кои го придружуваа конвојот во пакистанската провинција Белуџистан загинаа 14 лица, од кои 11 беа војници. Во регионот Северен Вазиристан беше извршен бомбашки напад врз конвојот на безбедносните сили, во кој загинаа 6 војници.



Слични вести