Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп на 18 октомври ќе отпатува во посета на Азербејџан

Според објавеното соопштение од претседателството на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), претседателот Мустафа Шентоп на покана на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на 18 октомври ќе отпатува во официјална посета на Баку

1510473
Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп на 18 октомври ќе отпатува во посета на Азербејџан

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп заедно со парламентарна делегација од 18 до 20 октомври ќе престојува во посета на Азербејџан.

Според објавеното соопштение од претседателството на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), претседателот Шентоп на покана на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на 18 октомври ќе отпатува во официјална посета на Баку.

Мустафа Шентоп своите средби и разговори ќе ги започне на 18 октомври на Денот на независноста на Република Азербејџа, а на 19 октомври ќе биде примен кај претседател Илхам Алиев.

Истиот ден Шентоп ќе оствари бројни официјални средби и разговори, а наредниот ден на 20 октомври ќе се обрати пред Националното Собрание на Азербејџан. 

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во дадената изјава истакна дека во наредните денови ќе оствари дводневна официјална посета на братската земја Азербејџан.

„За време на нашите контакти во Баку, уште еднаш ќе го истакнеме тоа дека со нас ја донесовме нашата поддршка на Турција и дека сме спремни да направиме се што е неопходно доколку пристигне барање од Азербејџан до нас, секогаш и по секое прашање. Како еден народ две држави, нашите маки и радости се заеднички. Единствена цел на Турција е во регионот да завладеат мирот, спокојството, правдата и принципите на меѓународното право.“ - порача претседателот на Собранието Мустафа Шентоп.



Слични вести