Претседателот Ердоган во Истанбул се состана со украинскиот претседател Зеленски

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во дворецот Вахдеттин во Истанбул се состана со украинскиот претседател Володимир Зеленски кој допатува во работна посета на Турција

1510613
Претседателот Ердоган во Истанбул се состана со украинскиот претседател Зеленски

Претседателот на Украина Володимир Зеленски на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган допатува во работна посета на Турција.

Двајцата лидери се состанаа во дворецот Вахдеттин во Истанбул. 

Средбата лице в лице траеше приближно 1час 45 минути и беше затворена за медиумите.

На одржаните разговори во рамките на посетата беа разгледани со сите нивни поединости билатералните односи помеѓу Турција и Украина.

Се стоеше на чекорите во правец на уште повеќе развивање на билатералната соработка, а исто така беа разменети мислења во врска со актуелни регионални и меѓународни случувања.

Потоа се премина на разговори помеѓу делегациите на двете земји.

По сиве овие средби и разговори двајцата лидери, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски, се појавија пред камерите и одржаа заедничка прес-конференција.



Слични вести