Борбата на Турција против Ковид-19: Регистрирани 73 починати, 1.812 новозаразени, 1.419 оздравени

Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 73 лица, дијагностицирани се 1.812 новозаразени, оздравеа 1.419 пациенти; Досега починаа вкупно 9.153 лица, инфектирани се 343.955, а оздравеа 301.098 лица

1510578
Борбата на Турција против Ковид-19: Регистрирани 73 починати, 1.812 новозаразени, 1.419 оздравени

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 73 смртни случаи. 

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна до 9.153 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 117.005 тестирања од кои се дијагностицирани 1.812 новозаразени.

Вкупниот број на регистрирани случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19) изнесува 343.955 лица.

Со отпуштање од болница на уште 1.419 излекувани вкупниот број на оздравени пациенти од Ковид-19 во Турција се зголеми на 301.098 лица.



Слични вести