МНР на Турција жестоко го осуди ерменскиот напад врз гробиштата во Тертер во Азербејџан

Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение во кое се осудува извршениот напад од страна на Ерменија врз цивилите за време на посетата на гробиштата во градот Тертер на територијата на Азербејџан

1509836
МНР на Турција жестоко го осуди ерменскиот напад врз гробиштата во Тертер во Азербејџан

Турција соопшти дека жестоко ги осудува нападите на Ерменија коишто продолжуваат врз цивилните населени места на Азербејџан.

Во извршениот напад од страна на ерменската армија врз гробишта во градот Тертер животот го загубија тројца азербејџански цивили, а тројца цивили се ранети.

Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение во кое се осудува извршениот напад од страна на Ерменија врз цивилите за време на посетата на гробиштата во градот Тертер на територијата на Азербејџан.

Во соопштението се истакнува дека Ерменија продолжува да го негира (смета за ништовен) прогласениот прекин на хуманитарниот прекин на огнот прогласен на 10 октомври за размена на мртвите и заробениците, а воедно се додава следното: „Оние кои немаат ништо човечко во себе не им дозволуваат на нашите азербејџански права ниту да ги закопуваат своите мртви. Со овој последен напад Ерменија уште еднаш му го покажа на целиот свет своето лице коешто не се усогласува со човечките вредности и кое не признава закони. Солидарноста на Турција со јуначкиот народ на Џан (срцето) Азербејџан е постојана и целосна.“



Слични вести