Чавушоглу. „Регионот не може да се управува со слабост и има агресивни држави“

Околината на Турција е полна со конфликти и потенцијални судири

1509605
Чавушоглу. „Регионот не може да се управува со слабост и има агресивни држави“

 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека Ерменија ги нападна дури азербејџанските територии кои не беа окупирани и дека овие дејствија на Ерменија се воени злосторства.

Во онлајн воведниот говор на академската 2020-2021 година на Меѓународниот турско-казахстански универзитет „Хоџа Ахмет Јесеви“ министерот Чавушоглу рече дека околината на Турција е полна со конфликти и потенцијални судири.

„Нашиот регион не може да се управува со слабост и има агресивни држави. Овој факт уште еднаш ни го покажа неодамнешната агресија на Ерменија кон Азербејџан која во последно време се зголеми“.

Истакнувајќи дека скоро 30 години, 20 отсто од териториите на Азербејџан се под ерменска окупација, министерот Чавушоглу рече:

„Ерменија ги напаѓа и азербејџанските територии кои не се под окупација. Овие активности на Ерменија се воени злосторства“.

Во овој случај, нема полегитимна ситуација за Азербејџан за заштита на сопствените територии и граѓани“ рече Чавушоглу потенцирајќи дека некои актери сеуште молчат наспроти виктимизацијата на Азербејџан и за жал „суровите и жртвите“ ги ставаат на исто нивоместо.

Чавушоглу подвлече дека поради наведените причини, од големо значење е поддршката и солидарноста на братските земји на Азербејџан.

„Турција секогаш беше и ќе биде на страната братски Азербејџан во нејзината оправдана борба“.

Во контекст на борбата против епидемијата на новиот вид на коронавирусот (Ковид-19), Турција продолжува со помошта и поддршката на братските и партнерски земји рече Чавушоглу и додаде:

„Ние сме на прво место во светот од аспект на хуманитарната помош што ја пружаме во странство и во овој период обезбедивме поддршка во медицински материјали на 154 земји“.

Чавушоглу рече дека Турција на Казахстан и пружи поддршка во борбата против епидемијата со две сеопфатни пратки со медицински материјали и лекови и ќе продолжи со поддршката.



Слични вести