Алтун и Хаџиев разговараа за црната пропаганда и дезинформацијата против Азербејџан и Турција

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун и азербејџанскиот потпретседател Хикмет Хаџиев разговараа за црната пропаганда и дезинформацијата коишто се водат против Азербејџан и Турција

1509816
Алтун и Хаџиев разговараа за црната пропаганда и дезинформацијата против Азербејџан и Турција

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун оствари телефонски разговор со азербејџанскиот потпретседател и претседател на одделот за надворешна политика на претседателството Хикмет Хаџиев.

Алтун истакна дека оствариле мошне продуктивен телефонски разговор со Хаџиев и го рече следното: „Во овој период кога се обидува да стави крај на незаконската окупација на Ерменија на Нагорно Карабах, ќе продолжиме да ја поддржуваме Азербејџан во секоја сфера на чело со борбата против дезинформацијата.“ 

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун му го честита и роденденот на азербејџанскиот потпретседател Хикмет Хаџиев.

Хаџиев пак, во својата објавена порака во врска со остварениот телефонски разговор со Алтун го рече следното: „Со мојот пријател Фахреттин Алтун ги разгледавме заедничките чекори и соработката за борба против црната пропаганда и дезинформацијата коишто се водат против нашите земји. Азербејџанско-турската медиумска платформа ќе претставува значајна иницијатива за зацврстување на нашите напори.“



Слични вести