Во операцијата „Молња-3“ кај Агри се неутрализирани 6, а на северот на Сирија тројца терористи

Во операцијата „Молња-3“ во руралното подрачје на населеното место Догубајазит кај градот Агри се неутрализирани 6 терористи на ПКК, а во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија тројца терористи на ПКК/ЈПГ

1508688
Во операцијата „Молња-3“ кај Агри се неутрализирани 6, а на северот на Сирија тројца терористи

Во рамките на операцијата „Молња-3“ (Yıldırım-3) во руралното подрачје на населеното место Догубајазит кај градот Агри се неутрализирани 6 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во споделената објава на профилот на Министерството за внатрешни работи на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека во рамките на операцијата „Молња-3“ којашто е започната во руралното подрачје на населеното место Догубајазит кај градот Агри и продолжува, а која е поддржана и од Воздушните сили, се неутрализирани 6 терористи.

Во објавеното соопштение од Губернијата на Агри пак, се истакнува дека со неутрализирањето на уште 6 мина терористи бројот на неутрализираните терористи во операцијата во руралното подрачје на планината Агри кај населеното места Догубајазит којашто е реализирана од 3 до 13 октомври 2020 година, со поддршка и од воздух, изнесува вкупно 9 терористи.

Во соопштението се вели дека во операциите се запленети и големи количини оружје и материјали за обезбедување на потребите на терористите и дека операциите продолжуваат без прекин.

Во меѓувреме, и во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека со артилериски оган се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои отвориле провоцирачки оган врз подрачјето на операцијата Извор на мирот, во северниот дел на Сирија.



Слични вести