Портпаролот Ибрахим Калин разговараше телефонски со советникот за Национална безбедност на САД О'Брајан

Според објавеното соопштение од портпаролството на претседателството, во разговорот беа разгледани билатералните односи, нападите на Ерменија врз Азербејџан, случувањата во Источниот Медитеран, Либија и други регионални прашања

1508454
Портпаролот Ибрахим Калин разговараше телефонски со советникот за Национална безбедност на САД О'Брајан

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин оствари телефонски разговор со советникот за Национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Роберт О'Брајан.

Според објавеното соопштение од портпаролството на претседателството, во разговорот беа разгледани билатералните односи, нападите на Ерменија врз Азербејџан, случувањата во Источниот Медитеран, Либија и други регионални прашања.

Притоа, во телефонскиот разговор е нагласено дека Турција го поддржува прекинот на огнот помеѓу Азербејџан и Ерменија којшто беше прогласен поради хуманитарни причини (на 10 октомври), но дека трајното решение може да се воспостави само со повлекување на Ерменија од Нагорно Карабах и околните окупирани територии.

На американската страна и е сугерирано дека нападите на Ерменија со коишто се таргетира цивилниот народ во Азербејџан се во спротивност со меѓународното право и се неприфатливи, а воедно е истакнато дека меѓународната заедница треба да фрли конкретни чекори по прашањето на воспоставувањето на територијалниот интегритет на Азербејџан, во рамките на резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) и Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).

Во разговорот е нагласено дека затегнатоста во Источниот Медитеран е намалена благодарение на добронамениот приод на Турција на основа на дијалогот и очекувањата во правец на фрлање на чекорите со коишто ќе се поддржува создадената основа за преговори. Исто така е укажано дека одржувањето на Конференцијата за Источниот Медитеран предложена од страна на Турција ќе обезбеди придонес за регионалниот мир.

Повторено е и тоа дека Турција очекува од Соединетите Американски Држави (САД) да презентираат праведен (фер) и непристрасен (неутрален) став по прашањето на Источниот Медитеран.

Во телефонскиот разговор помеѓу портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин и советникот за Национална безбедност на Соединетите Амеркански Држави (САД) Роберт О'Брајан, е изразено задоволство од процесот на преговори којшто се води во Либија, како и тоа дека воената раздвиженост на страната на Хафтар пак, претставува извор на загриженост.

Освен тоа, се разгледани и прашања во правец на заживување на економските односи и развојот на соработката во сферата на одбранбената индустрија помеѓу Турција и САД.



Слични вести