МНР на Турција покажа реакција на изјавите на САД со критики во врска со бродот „Оруч Реис“

Портпаролот на МНР Хами Аксој на изјавите на САД реагираше со зборовите: „Критиките на САД во врска со сеизмичките истражувања коишто ги води бродот Оруч Реис во континенталниот гребен на на Турција, претставуваат сериозна недоследност (неконзистентност)“

1508423
МНР на Турција покажа реакција на изјавите на САД со критики во врска со бродот „Оруч Реис“

Турција покажа реакција против Соединетите Американски Држави (САД) поради изјавите во врска со бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ кој по рутинските работи за одржување и снабдување повторно отплови кон Источниот Медитеран за реализација на своите активности за истражување на јаглеводородни ресурси.

Портпаролот на Министерството за надворшени работи Хами Аксој одговори писмено на едно поставено прашање во врска со изјавите на портпаролката на американскиот Државен секретаријат (Стејт департментот) Морган Ортагус.

Аксој ја изнесе констатацијата дека „критиките на Соединетите Американски Држави (САД) во врска со сеизмичките истражувања коишто ги води бродот „Оруч Реис“ во континенталниот гребен на Турција, претставуваат сериозна недоследност (неконзистентност).

Хами Аксој појасни дека САД коишто соопштија дека нема правна валидност картата од Севилја којашто ги претставува тврдењата на двојката Грција-кипарско-грчкиот дел со нивните максималистички сфери на надлежност во морето во Источниот Медитеран, како и Европската унија (ЕУ) која располага со слични погледи, се однесуваат недоследно (неконзистентно).

„Страната која ја зголемува тензијата во Егејот и во Средоземното Море не е Турција, туку Јужната кипарско-грчка управа и Грција.“ - рече портпаролот на Министерството за надворшени работи Хами Аксој.



Слични вести