Министерот Фатих Донмез: „Оруч Реис“ ги започна своите сеизмички отчитувања во Источниот Медитеран

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез истакна дека бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ пристигна на локацијата во Источниот Медитеран каде што ќе ги реализира своите активности и ги започна своите сеизмички отчитувања

1508812
Министерот Фатих Донмез: „Оруч Реис“ ги започна своите сеизмички отчитувања во Источниот Медитеран

Бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ денеска ги започна своите сеизмички отчитувања во Источниот Медитеран.

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез преку видео-конференција учествуваше на 26. Меѓународна конференција за енергија и животна средина - ICCI 2020, и во говорот што го одржа овде истакна дека бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ пристигна на локацијата во Источниот Медитеран каде што ќе ги реализира своите активности.

Велејќи дека „Оруч Реис“ денеска ги започна своите сеизмички отчитувања, министерот Донмез го рече следното: „Оруч Реис пристигна на локацијата во Источниот Медитеран каде што ќе ги реализира своите активности. Вчера се започнати тестовите и денеска почнуваме да ги земаме првите сеизмички отчитувања. Ги постави каблите во должина од 10 километри. Во првата етапа имаме десет дневна студиска програма. По незаконските дозволи коишто беа издадени од страна на Јужната кипарско-грчка управа, компаниите поради пандемијата се откажаа. Ние таму продолжуваме со нашите национални бродови.“

 



Слични вести