Ердоган: Ќе продолжиме да им ги даваме заслужените одговори на Грција и кипарско-грчкиот дел, на терен

Претседателот Ердоган, во врска со случувањата во Егејот и Источниот Медитеран истакна дека Турција ќе продолжи да им ги дава заслужените одговори на Грција и кипарско-грчкиот дел, на терен

1508978
Ердоган: Ќе продолжиме да им ги даваме заслужените одговори на Грција и кипарско-грчкиот дел, на терен

Претседателот на државата и претседател на Партијата за правда и развој  АКП (АК Партијата) Реџеп Тајјип Ердоган говореше пред пратениците на пратеничката група на својата партија во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) кадешто се осврна на бројни теми.

Претседателот Ердоган, во врска со случувањата во Егејот и Источниот Медитеран истакна дека Турција ќе продолжи да им ги дава заслужените одговори на Грција и кипарско-грчкиот дел, на терен.

Претседателот Ердоган истакна дека Турција со цврстиот став што го презентира им покажа на сите дека не постои шанса за ставање во примена на ниту еден план којшто нема да ги нагледува нејзините права и правата на кипарските Турци во Источниот Медитеран.

„Безбедноста на нашиот брод 'Јавуз' ја обезбедува нашата флота. И нашиот брод за сеизмички истражувања 'Оруч Реис' повторно се врати на својата задача во Средоземното Море. 'Барбарос' ги продолжува своите активности во Средоземното Море. Ќе продолжиме да им ги даваме заслужените одговори на Грција и кипарско-грчкиот дел, на терен, а кои не ги одржуваат своите ветувања на платформите на Европската унија (ЕУ) и НАТО. 'Кануни', по завршувањето на работите за одржување ќе тргне на пат за својата задача во Црното Море. Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) очекуваме радосни вести и од активностите на нашиот брод 'Кануни'.“ - рече Ердоган.

Велејќи дека беше дочекана со радост веста за откриениот природен гас од страна на бродот за дупчење „Фатих“ во Црното Море, претседателот Ердоган го рече следното: „Во сабота ќе го посетиме бродот за дупчење 'Фатих', кадешто на лице место ќе ги видиме работите и ќе ја соопштиме количината на новите резерви.“

Во врска со нападите коишто ги реализира Ерменија врз Азербејџан пак, претседателот Реџеп Тајјип Ердогансвпојот говор го продолжи со следните зборови: „Тројката Минск оваа работа се уште ја одложува со тактика на одвлекување на вниманието.Ако постојат човекови права во светот, постои демократија и вие 30 години како сте задолжени за решавање на овој проблем во рамките оваа тројка Минск, што треба да направите. Не да го одвлекувате вниманието, да ги завршите овие преговори, териториите да им го предадете на нивните сопственици. Им ја даваме, и ќе им ја даваме секој вид поддршка на нашите азербејџански браќа. Зошто не зборувате за поддршката што ја даваат оние кои се наоѓаат во тројката Минск? Доаѓаат толку оружја од Русија, на ист начин од Франција. Зошто не зборувате за тоа?“ 

Претседателот Ердоган, во својот говор истакна дека отворањето на  затворената област Мараш претставува историска пресвртница за Кипар и го додаде следното: „Затворената област Мараш, им припаѓа на севернокипарските Турци. Тоа треба да се знае така.“



Слични вести